На плажа во Улцињ на разглас вчера била пуштена химната на поранешната СФРЈ „Еј Словени“, на што станале сите посетители и мирно стоеле за време на интонирањето.
На видео снимката се гледа гостите во барот кои седат на масите, почнуваат да стануваат и да стојат мирно додека свири химната на поранешните заеднички држави.
Како што пренесе порталот ЦдМ, некогашната химна покажува дека во Србија и Црна Гора уште живее словенскиот дух.