Европската унија засега нема да ги забрани тревниците од вештачка трева, но Европската агенција за хемикалии (ЕЦХА) бара алтернатива.
Вештачката трева е голем извор на микропластика, која е голем загадувач на животната средина.
– Комисијата не подготвува таков предлог, изјави портпаролката на ЕК Наташа Берто, со што ги демантираше таквите тврдења, пласирани во дел од западните медиуми.
– Она што сега го правиме и ќе продолжиме да го правиме е да се обидеме да го најдеме најдобриот начин да одговориме на еколошкото и здравствено влијание на микропластиката и да охрабриме развој на одржливи алтернативи, додаде Берто.
Микропластика се нарекуваат многу мали делови пластика, произведени ненамерно при производството на големи парчиња, како што е на пример синтетички тексил, или намерно за одредена цел, како во случајот со материјал за вештачка трева.