Принцот Хари ќе има најмногу две деца поради спас на планетата

Принцот Хари откри дека планира да има најмногу две деца, поради својата загриженост за иднината на планетата.

Во разговор со активистката и експерт за шимпанза, Џејн Гудал, за специјалното издание на британскиот „Вог“, војводата од Сасекс на прашањето колку деца планира да има со сопругата Меган, одговори – најмногу две, пренесе „Си-ен-ен“.

Принцот Хари рече дека сите мораме да се потсетиме дека сме како жаба во врела вода и дека тоа е застрашувачко.

Тој призна дека неговиот став кон планетата се променил по раѓањето на принцот Арчи, но секогаш сакал да се обиде да ја зачува планетата, па дури и пред да планира да има деца.

Треба да знаете
Последни објави