Фудбалерите на Челзи го совладаа Салцбург со 5:3, а шпанскиот фудбалер Педро на еден фантастичен начин успеа да ја затресе мрежата на австрискиот клуб.
Овој спектакуларен гол на Педро го одбележа контролниот меч, во 57 минута ја искористи невнимателноста во одбраната на противникот, правовремено беше пронајден од Баркли, а Шпанецот одговори на најдобар можен начин со „пета“.
Дефинитивно еден од најубавите голови во кариерата на Педро, а веројатно и ќе се најде во изборот за најдобар на годината.
https://twitter.com/TheFutbolPage/status/1156798228358139904
Челзи уште на паузата водеше со 3:0, во листата на стрелците се запишаа Рос Баркли од пенал и двапати Кристијан Пулишиќ. Намали Онгуене, па следуваше супер потегот на Педро за 4:1, намали Минамино од белата точка.
Последниот петти погодок на лондонските „сини“ го реализираше Мичи Бачуаји во 88 минута од мечот, а поразот на Салцбург го ублажи Минамино со неговиот втор гол на овој тест.
Ова беше шести контролен меч за фудбалерите на Френк Лампард, претходно забележаа победи над Ридинг (4:3), Барселона (2:1), Ст. Патрикс (4:0), ремизираа со Бохемијанс (1:1), а загубија од Кавасаки Ф. (1:0).