Два напада во Јемен, 35 загинати

Најмалку 32 лица загинаа, а десетици се повредени во ракетниот напад на воена парада во Аден, додека во друг напад се убиени тројца полицајци, соопштија јеменски безбедносни и медицински извори.

Одговорноста за нападот на парадата ја презедоа Хутите, кои истрелале балистичка ракета со среден дострел и вооружен дрон.

– Експлозијата се случи зад местото кадешто се одржуваше церемонијата во воениот камп Ал Џала во Аден, изјави еден очевидец.

Исто така, најмалку три полицајци загинаа, а 20 лица се повредени, меѓу кои и тројца цивили, кога бомбаш-самоубиец влетал со автомобил во полициска станица во Аден.

Аден е седиште на јеменската меѓународно приозната влада, која е во судир со бунтовниците Хути, кои го контролираат главниот град Сана и поголем дел од северен Јемен.

Треба да знаете
Последни објави