Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на социјалната мрежа Фејсбук со која повикува на насилство односно сторено кривично дело по член 144 ст.4 Загрозување на сигурност и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од КЗ на РСМ. В.Ч. на 31.07.2019 беше повикан во ПС Чаир и од него е одземен мобилен телефон. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk