Родителите ширум Италија луто реагираа на пресудата на тамошниот Врховен суд според која правото на децата на училиште да носат ужинка од дома не е безусловно.
Врховниот суд на Италија им даде автономија на училиштата да одлучат дали ќе им дозволат на децата да носат храна од дома или, пак, ќе мораат да јадат во училишните мензи, пренесе Би-би-си.
Понизок суд претходно донесе пресуда во корист на група родители од Торино, кои сакале да престанат да плаќаат училишни оброци за своите деца, поради високата цена и фактот дека храната честопати е нездрава.
Пресудата на Врховниот суд на Италија потврди дека носењето ужинка на училиште подразбира можно кршење на принципот на еднаквост на учениците и дека тоа претставува дискриминација врз основа на економската состојба на нивните семејства.
Одлуката налути голем бројни родители, а една мајка на ученик изјави дека станува збор за насилен чин од страна на властите.
Како за пример, во финските училишта оброците се бесплатни за сите ученици.
Во Франција, училишните оброци се субвенционираат, но не се целосно бесплатни, додека во Англија учениците имаат право да изберат дали сакаат топол оброк кога е време за ручек.