Италијанската полиција во акција спроведена во утринските часови уапсила најмалку 17 лица, дел од албанска нарко група, што шверцувала кокаин од Холандија.
Уапсени се во рамки на акцијата „Црн орел” што ја спровела полицијата од Рим, а во соработка со секторот за борба против мафијата.
Во акцијата запленети се околу 200 килограми кокаин и оружје.
Албанската нарко група дрогата ја продавала на главните плоштади во Рим.
Истрагата продолжува, а веќе уапсените ќе одговараат за меѓународна трговија со дрога и поседување оружје.