Руската морнарица ја почна вежбата „Океански штит 2019“ на Балтичко море, во која учествуваат околу 70 борбени бродови и бродови за поддршка и 58 авиони на руската морнарица и воздухопловните сили.
Вежбата, во која учествуваат 10.634 припадници на руската војска, ќе трае до 9 август и се изведува под команда на командантот на Воено-поморската флота, адмирал Николај Јевренов.
Морнаричката група се состои воглавно од воени бродови кои учествуваа на Парадата на морнарицата во Санкт Петербург.
„Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на морнарицата да ги брани националните интереси на Русија“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.