На 31.07.2019 околу 19,55 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Штип кај крстосницата за с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус марка „МАН“ со кратовски регистарски ознаки, управуван од М.К. (37) од Куманово и товарно возило марка „Фолксваген Крафтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30) од Скопје. Во незгодата починал С.Т., додека М.К. се здобил со тешки телесни повреди. 19 патници од автобусот се пренесени во општата болница во Велес, каде по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.