Ал Сиси повтори дека поддржува создавање палестинска држава

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска повтори дека поддржува создавање палестинска држава, за време на разговорот со американскиот пратеник за Блискиот исток Џаред Кушнер, кој беше во посета на Египет.

Кушнер престојуваше во Египет во рамките на неговата турнеја по земјите од регионот на која се обидува да добие што е можно поголема поддршка за планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Администрацијата на Трамп не поддржува решавање на израелско-палестинскиот конфликт со создавање на две држави, што меѓународната заедница долго време го сметаше за единствен начин да се реши повеќедецениската криза.

Треба да знаете
Последни објави