Британската полиција денеска нареди евакуација на град со 6.500 жители во северо-западниот дел на Англија поради стравување дека може да дојде до колапс на блиската брана која е оштетена од обилни дождови.
Жителите на малиот град Вејли Бриџ треба веднаш да ги напуштат своите домови поради сериозна закана по нивните животи, соопшти локалната полиција.
Граѓаните на ова место кое е лоцирано 280 километри северозападно од Лондон се советуваат наредните неколку дена да се засолнат кај свои пријатли или роднини.