Не се сите престои на аеродром интересни за патниците. Всушност, малкумина можат да се пофалат дека имале забавни моменти чекајќи авион на аеродром.
Но, голем дел од нив сигурно би го смениле ставот доколку престојуваат на аердром каде до својот терминал можат да отидат лизгајќи се на тобоган. Таков е аеродромот „Чанги“ во Сингапур.
Патник кој на платформата „Јутјуб“ се претставува како Јусуф ел Аскари во текот на своето патување имал можност да испроба како е да се спуштиш по тобоган до еден од излезите на аеродромот. Во видеото погоре можете да видите како Ел Аскари се спушта по лизгалката до терминалот 4.
„Никогаш не сум видел вакво нешто на аеродром. Не можев да верувам дека е реално додека не се спуштив“, вели тој на снимката.
Аеродромот во Сингапур има уште поголем тобоган што води кон терминалот 3, а управата го нарекува најголемата лизгалка во светот која се наоѓа на аеродром, пренесува „Travel and leisure“.
Тој тобоган е висок околу 12 метри, односно колку четвртиот кат на една станбена зграда.