Во Штутгарт е уапсен 28-годишен Сириец кој среде улица со меч убил 36-годишен маж, јавуваат германските медиуми.
Според „Билд“, убиецот и жртвата биле цимери. Убиениот човек е Германец со казахстанско потекло, а мотивот за убиството не е познат.
Откако го убил цимерот, Сириецот избегал од местото на злосторството со велосипед. Случаен минувач го снимил целиот настан.
Убиецот дошол во Германија пред четири години, а во полицијата е претходно познат поради кражби.