(Видео) Членовите на Рамштајн се бакнаа среде концерт во знак на протест против законот на Путин

Членовите на германската метал група Рамштајн (Rammstein) се бакнаа среде концерт во Москва. Во тој момент, исто така, објавија на својот Инстаграм коментар: „Русија, те сакаме“. Тие се бакнуваа во знак на протест против т.н. руски закон за геј пропаганда донесен во 2013 година и потпишан од претседателот Владимир Путин (66).

Членовите на Рамштајн „кренаа прашина“ на стадионот Лужники во Москва, каде јасно ставија до знаење што мислат за ставот на руските власти кон тамошната ЛГБТ заедница. Гитаристите Пол Ландерс (54) и Ричард Крус (52) се бакнуваа во уста за време на концертот, предизвикувајќи овации кај публиката.

Законот, меѓу другото, забранува да се претставува каков било хомосексуален однос како нормален. Намерата е да ги „заштити децата од изложеност на хомосексуалноста“. Доколку го прекршат законот, странците можат да бидат задржани во затвор до 15 дена и да се соочат со депортација.

Овој контроверзен метал бенд неодамна ја налути јавноста со објавување на видео запис за песната „Дојчленд“ со кој го промовираше нивниот нов албум, во кој членовите на групата се појавуваат облечени како затвореници во концентрационен логор со јамки околу вратот.

Рамштајн е при крај со својата двегодишна турнеја во рамките на која по Москва, ќе настапуваат и во Латвија, Финска, Шведска, Норвешка и Австрија до крајот на летото, а турнејата ќе ја продолжат во јуни следната година.

Треба да знаете
Последни објави