СДСМ ја партизира администрацијата и ја користи во свои партиски цели. Спротивно на сите меѓународни конвенции Сугарески и Талески од вработени во државната администрација барале како против надомест за нивното вработување да агитираат за претседателската кампања на Пендаровски.
Станува јасно дека Заев лажеше за датум за преговори. Датум немаме и нема да имаме заради партизираната и политизирана администрација. Спротивно на Копенхашките критериуми и принципот на владеење на правото, се уништува принципот на владеење на правото, но и се повредува принцпот на јасна дистинкција помеѓу државата и партијата и се врши злоупотреба на државните ресурси.
ЈО треба веднаш да постапи по допрен глас и да поведе кривична постапка против Горан Сугарески и Миле Талески.
Очекуваме ЈО да постапка согласно закон и да поднесе кривична пријава против Сугарески согласно чл.353 од КЗ.
Дополнително ја повикуваме Антикорупциска да постапи согласно чл.40 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој јасно забранува на лица кои вршат државни функции да влијаат при вработувања.
Доколку институциите ја немаат слушнато аудио снимката ние го испраќаме линкот од истата која е постирана на Јутјуб.
Доколку институциите не се охрабрат и не поведат постапки против Сугарески и Талески против истите ќе бидат поведени постапки со враќањето на правната држава во Македонија.