СДСМ продолжува преку партиски бледи соопштенија да ја манипулира јавноста.
Граѓаните ја гледаат и чувствуваат катастрофалната економска политика на Зоран Заев.
Како со мерката за радиодифузна такса, така и со оваа мерка со намалување на сметките за парно за 200 денари ја лаже јавноста.
Граѓаните секој ден се повеќе осиромашуваат и немаат пари.
Според податоците на „Евростат“ околу 61% од македонските граѓани не можат да си дозволат седумдневно летување.
Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.
Акцизата на нафтата ја покачија, и горивата станаа поскапи.
Секој ден се иселуваат граѓани од Република Македонија поради сиромаштијата која завладеа благодарејќи на СДСМ.
Животот во Република Македонија по доаѓање на СДСМ на власт не стана подобар туку крпен.
СДСМ додека ја замајува јавноста се случува криминал од невидени размери. Постојат сериозни индиции дека преку невладини организации легнуваат милионски суми евра на сметки кои директно или индиректно се поврзани со високи функционери од власта.
Поради овие лаги и криминал Заев и СДСМ треба веднаш да си заминат од власт и да се распишат предвремени парламентарни избори.