Во пожари во југоисточна Франција изгореле 4.400 хектари шума

Шумски пожари годинава досега уништиле 4.400 хектари шума во југоисточна Франција, јавија денеска локалните медиуми.

Во периодот од јануари до јули годинава, шумски пожари уништиле 43,5 проценти повеќе шуми отколку во целата 2018 година, кога изгореле 3.065 хектари, покажуваат податоци на државната база на податоци за шумски пожари.

На почетокот од неделава шумски пожар се прошири на 30 хектари земјиште во регионот Вар и во негово гаснење учествуваа 300 пожарникари и седум канадери.

Треба да знаете
Последни објави