Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска повтори дека поддржува создавање палестинска држава, за време на разговорот со американскиот пратеник за Блискиот исток Џаред Кушнер, кој беше во посета на Египет.
Кушнер, инаку зет на американскиот претседател Доналд Трамп, престојуваше во Египет во рамките на неговата турнеја по земјите од регионот на која се обидува да добие што е можно поголема поддршка за планот на администрацијата на американскиот претседател за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, пренесе „Ројтерс“.
Администрацијата на Трамп не поддржува решавање на израелско-палестинскиот конфликт со создавање на две држави, што меѓународната заедница долго време го сметаше за единствен начин да се реши повеќедецениската криза, додава агенцијата.