ЕУ ќе продолжи да соработува со иранскиот министер Зариф

Европската унија соопшти дека жали за одлуката на САД за воведување санкции за иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и вети дека ќе продолжи да соработува со тој дипломат.

Вашингтон вчера воведе санкции против Зариф, кои предвидуваат блокирање на негов евентуален имот или бизнис во САД. Зариф во порака на Твитер нагласи дека не поседува имот вон државата.

Одлуката за санкции кон Зариф се смета за уште еден удар од американскиот претседател Доналд Трамп по нуклеарниот договор од 2015 година, кој Брисел се обидува да го спаси.

– Жалиме за оваа одлука. Од своја страна, ние ќе продолжиме да работиме со г-дин Зариф како највисок ирански дипломат, но и поради важноста за одржување на дипломатските канали, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Треба да знаете
Последни објави