Му оддадовме почит на херојот Гоце Делчев, преку јазикот на заемното разбирање, подвлекувајќи дека токму визијата на Гоце Делчев станува мост кој нѐ поврзува во заедничките напори за обединета Европа. Ова го напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
– Продолжуваме со пријателска Бугарија да градиме пријателство и заедничка европска иднина. Посветено и без предрасуди работиме на согледување и утврдување на сите историски точки и личности коишто нѐ поврзуваат, покажувајќи му на Балканот и на Европа и светот, дека нашите предизвици можеме да ги решаваме преку разговори, почитување и трпеливост, без посредници, вели Заев.