Командантот на кинеската армија во Хонг Конг по првпат ги коментираше протестите, предупредувајќи дека немирите „сериозно го загрозуваат животот и безбедноста на луѓето” и не треба да се толерираат, објави „Гардијан”.
Командантот на кинескиот гарнизон во Хонг Конг исто така предупреди дека тие се „одлучни да го заштитат националниот суверенитет, безбедност, стабилност и просперитет на Хонг Конг”.
Властите во Хонг Конг покренаа обвинение за 42 демонстранти, кои се ослободени со кауција. Меѓу нив најмладите имаат по 16 години.
Протестите во Хонг Конг се одвиваат осум последователни недели во врска со предлогот на властите за екстрадиција на осомничени сторители во Кина. Планирани се повеќе протести за следните две недели.