Костадинов: Во Струмица за таквите како Наум од дпмне велиме, Ак’ло го лаже нема кој да му каже

Костадинов: Во Струмица за таквите како Наум од дпмне велиме, Ак’ло го лаже нема кој да му каже

И ВМРО-ДПМНЕ и нивниот портпарол треба да знаат дека секоја општина има стотици меморандуми за соработка со невладини организации, фондации, граѓански иницијативи и дел од потпишаните меморандуми се реализираат а дел не се реализираат.

Во случајот што во очај го конструира ВМРО-ДПМНЕ, Општина Струмица немала никаква активност со спомената невладина организација.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ партијата која промовираше, штитеше и прикриваше незаконски постапувања, за нас во СДСМ борбата против криминалот и корупцијата не познаваат партиски бои и таа треба да биде одлучна и бескомпромисна.

Во интерес на вистината, веќе неколку денови јавно истакнувам дека стојам на располагање на институциите доколку има потреба за каква било информација.

За сите клевети изговорени од страна на портпаролот во белиот дворец, ќе следуваат соодветни тужби.

Во меѓувреме, наместо да конструира непостоечки случаи, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на прашањата на кои Мицкоски со денови молчи и не дава одговор:

Дали Мицкоски отиде кај Груевски во Будимпешта да добие инструкции како да го кочи напредокот и реформите и да шири лажни вести и омраза меѓу граѓаните?

Дали во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“?

Дали посегнал по парите 💰💰💰на еден од осомничените во предемти на СЈО?

Мицкоски🏭🏭🍼🐩🦜, јавноста чека одговори.

Фејсбук статус на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18/posts/10216235936904241

Треба да знаете
Последни објави