Вчера напладне во полициска станица Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од селото Франгово,струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.