Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „Независен весник“ вели дека нема контакт со почесниот претседател на партијата и бегалец, Никола Груевски, уште од периодот кога СДСМ му овозможи да избега.
Мицкоски изминатите два дена беше во Будимпешта, придружуван од потпретседателот Александар Николовски, каде имаа средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во официјалните соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од шпекулациите, никаде не се спомена дека Мицкоски ќе има каков било контакт со Груевски.