Не е првпат невниманието при неконтролираното полнење на мобилните телефони да предизвика пожар. Последната информација за ваква катастрофа доаѓа од Задар, каде се запалил стан во центарот на градот на третиот кат во зграда за домување. Телефонот кој цела ноќ бил оставен приклучен на полнач го предизвикал пожарот. На местото на настанот веднаш пристигнале пожарникарите и полицијата кои утврдиле дека пожарот избувнал во станот на 54 годишен сопственик. Надлежните по направената истрагата утврдиле дека причина за пожарот било прегревањето на батеријата од телефонот кој бил приклучен на полнач во дневната соба, од каде пламените јазици се прошириле низ целата соба.
Направената материјалната штета допрва ќе се утврдува. Надлежните апелираат мобилните телефони да не се оставаат приклучени во струја преку цела ноќ додека сопствениците спијат.