Владата предводена од СДСМ продолжува со реални реформи кои носат видливи придобивки за граѓаните и значат грижа за животната средина.Од денеска, 1 август вкупниот трошок за топлинска енергија за потрошувачите на БЕГ кој воедно е и најголемиот снабдувач на топлинска енергија, се намалува за шест отсто.Откако Владата предовдена од СДСM донесе одлука за намалување на ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 отсто, се овозможи и намалување на вкупните трошоци на потрошувачите на парно за 6 отсто.
Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за од 150 до 220 денари во зависност од висината на сметката. На годишно ниво тоа е над 2.000 денари заштеда во секое домаќинство кое се грее на парно. Оваа одлука овозможува и поголема енергетска ефикасност односно помала емисија на јагледроден диоксид како дел од мерките од Планот за чист воздух.Намалувањето на цената на парното, воедно претставува и мотив плус за граѓаните да се приклучат кон користењето на парното греење како опција за загревање на домовите, а тоа би значело повторно вклучување на исклучените 14 илјади домаќинства и привлекување на нови корисници.
Владата предводена од СДСМ останува целосно фокусирана на обезбедување на подобар живот на сите граѓани, повеќе пари во семејните буџети преку намалување на трошоците, како и спроведување на мерките од Планот за чист воздух.