Во текот на изминатиот ден (31.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 51 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 31 возачи од кои: пет возачи затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 25 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, 10 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 78 мандатни платни налози и 54 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а пет лица со телесни повреди.