Градоначалникот на сомалискиот главен град Могадишу денеска почина откако беше повреден во терористички напад пред десетина дена.
Информацијата за смртта на Омар Осман ја потврди и сомалиската Влада.
Во самоубиствениот напад врз канцеларијата на градоначалникот извршен на 24 јули загинаа најмалку шест луѓе, а шестмина беа повредени, меѓу кои и градоначалникот. Нападот го изврши бомбаш самоубиец, кој го активирал експлозивот што го имал на себе во Канцеларијата на Одман.
Одговорност за терористичкиот напад презеде групата Ал Шабааб.