САД многу жртвуваа за Германија да остане дел од Западот, се пожали американскиот амбасадор во Берлин

Американскиот амбасадор во ГерманијаРичард Гренол ја нападна владата на германската канцеларка Ангела Меркел поради неподготвеноста на Берлин да се приклучи на поморската мисија во Ормутскиот теснец. Дипломатот истакна дека најголемата економија во Европа мора да преземе поголема глобална одговорност.

– Германија е најголемата економска сила во Европа. Овој успех носи глобална одговорност, рече тој за весникот „Аугсбургер алгемајне”. Според него, САД неколку недели се обидувале да ја добијат поддршката на Германија за воената мисија. Амбасадорот истакна дека додека еден германски министер тврдел дека го разгледуваат барањето, министерот за надворешни работи го отфрлил.

– Америка жртвува многу за да и помогне на Германија да остане дел од Западот, рече Гренол за весникот, додавајќи дека Американците плаќаат огромни суми за поддршка на 34.000 војници во Германија.

– Германската влада е скептична во врска со конкретниот предлог на САД и затоа не понуди конкретно учество во мисијата, изјави вчера германската вицепремиерка Улрика Демер на редовната прес-конференција.

Како причина, Демер ги наведе „разликите во целокупната политика на Германија кон Иран во споредба со американската политика”.

Треба да знаете
Последни објави