Во реванш-натпреварите од второто квалификациско коло во фудбалската Лига на шампионите шведскиот првак АИК Стокхолм победи со 3:2 во продолженија против словенечкиот Марибор, но тоа беше недоволно за да ги елиминира гостите. Марибор продолжува понатаму во елитното натпреварување благодарение на повеќе постигнати голови на гости. Одлучувачкиот гол за Словенците го постигна Александру Кретсу во 117-та минута.
Црвена звезда загуби со 1:2 од ХИК Хелсинки, но со вкупен резултат 3:2 си обезбеди место во следната рунда.
Резултати – второ квалификациско коло:
ХИК Хелсинки – Црвена звезда 2:1 (0:0)
* Црвената звезда оди понатаму по вкупен резултат од 3:2
Карабах – Дандалк 3:0 (1:0)
* Карабах оди понатаму по вкупен резултат 4:1
Розенборг – БАТЕ Борисов 2:0 (0 0)
* Розенборг оди понатаму по вкупен резултат 3:2
ФК Копенхаген – ТНС 1:0 (0:0)
* ФК Копенхаген оди понатаму по вкупен резултат 3:0
АИК Стокхолм – Марибор 3:2 по продолженија (1:0, 2:1)
* Марибор оди понатаму по вкупен резултат 4: 4 поради повеќе голови на туѓ терен.
Двојки за трето квалификациско коло:
ЦФР Клуж – Селтик
АПОЕЛ Никозија – Карабах
ПАОК – Ајакс
Динамо (Загреб) – Ференцварош
Црвена звезда – ФК Копенхаген
Марибор – Розенборг
Истанбул Башакшехир – Олимпијакос
Краснодар – Порто
Бриж – Динамо Киев
Базел – ЛАСК Линц