Барса треба да се изјасни за враќањето на Нејмар до 10 август

Преговорите меѓу фудбалските гиганти Бареселона и ПСЖ околу враќањето на бразилскиот ас Нејмар во редовите на шпанскиот првак ги бројат последните денови, откако францускиот тим го одреди 10 август како краен рок да се симне од дневен ред мега-трансферот во најава.

Барселона доколку сака да го врати Нејмар во своите редови ќе мора да исплати 180 милиони евра. Ако Барселона не е подготвена да го стори тоа „светците“ најавија дека разговорите ќе завршат без повратен-трансфер. Овој ултиматум од раководството на ПСЖ го пренесоа шпанските медиуми.

Нејмар сака да го напушти ПСЖ, каде се пресели пред една сезона со рекореден трансфер на фудбалската берза од 222 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави