Властите во Чикаго потрошиле 30.000 долари за фаќање алигатор во парк

Напорите на градот Чикаго да се справи со алигатор, за кој се смета дека живеел во една лагуна во градски парк, чинеле повеќе од 30.000 долари.

Најголем дел од трошоците се однесуваат на тоа што градските работници поставувале и отстранувале барикади за да ги задржат луѓето подалеку од лагуната во паркот Хјумболт, откако големиот мажјак за првпат бил забележан таму минатиот месец.

Ловецот, кој на 16 јули го фатил алигаторот со должина меѓу 1,2 и 1,5 метри, добил 2.500 долари, како и 2.166 долари за патување и сместување, пренесува АП.

Инспекторите не се сигурни како алигаторот завршил во лагуната, додава агенцијата.

Треба да знаете
Последни објави