Кривична пријава за стружаните што нападнаа полицајци

Две лица од струшкото село Џепин и еден стружанец добија кривични пријави за напад на полициски службеници кои констатирале сообраќаен прекршок.

СВР Охрид денеска соопшти дека полициската станица од Струга поднела кривични пријави против А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин и Л.Б.(29) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие”.

Пријавата против А.К., била дополнета и за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста”.

– Казнените дела ги сториле на 29 јули околу 17 часот на улицата „Ристо Крле” во Струга, кога физички нападнале полициски службеници, кои констатирале сторен сообраќаен прекршок и преземале соодветни законски мерки, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Треба да знаете
Последни објави