Маж во хрватскиот град Сплит и го скршил носот на туристка за да влезе пред неа во такси. Сплитската полиција соопшти дека трага по маж кој клоцал и удрил 20-годишна Норвежанка за да влезе во такси возило пред неа, при што и го скршил и носот.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил вчера рано наутро кога 20-годишната Норвежанка се обидела да влезе во таксито. Тогаш непознат маж ја турнал, ја удрил и влегол во таксито пред неа. Нападната девојка побарала лекарска помош поради фрактура на носот.
Полицијата го бара сторителот, пренесува Хина.