Проституцијата во земјава е секако нелагална. Но дали е навистина така или најстариот занает на светот сега се вика еротска масажа или дружење? Доволно е само да го земете маусот во рака и да „прогуглате“ по огласите на страниците купи-продај.
24 инфо направи истражување и за за само неколку минути најде девојки за дружење, еротски масажи за мажи и жени или за брачни парови. Не се малку ни огласите на момчиња кои нудат услуги за постари жени. Цените се најразлични и зависат од тоа дали доаѓаат по дома или вие одите кај нив. Главно се движат од 500 денари до 50 евра. Но има и некои кои бараат дури 100 евра за целовечерна масажа.
„Јас ги правам сите видови на масажи исклучиво за многу галантните господа!“стои на еден од огласите. Девојката вели дека има уметничко име Тина, има нешто повеќе од 20 години, студентка е и многу згодна. Ја побаравме на телефон, но се вклучи секретарка со барање да кажеме кој ја бара Тина и зошто и ако сакаме термин да оставиме телефонски број да не бара.
Се обидовме да ја добиеме и Кјара, но не се јави. Таа нуди масажа „тело на тело“. Вели дека во исто време може да “масира“ и мажи и жени, но и брачни парови. Бара 50 евра за еден или 100 за двајца во исто време.
На огласите има и трансексуалец кој се претставува како Сара. Вели дека „масира“ повеќе од 20 години. За разлика од првите две, овој има своја просторија каде ги нуди услугитеи бара 1.000 денари.
Владо пак нуди „јони масажа“. Вели дека таа тантричка масажа е наменета само за жени. Се состои од 30 до 60 минути стимулирање вагинални усни, клиторис и вагиналниот канал. Но целта на масажата не била да се постигне оргазам туку да се постигне чувство на удобност и опуштање.
„Ве молам кои се сериозни нека ме побараат, останати не замарајте и да напоменам не се работи за никаков салон доаѓам на ваш терен“ дециден е Владо. Тој вели дека договор може да падне и на вибер до 20 часот.
Во Гази Баба, пак, масажа може да се добие и за 700 денари. Ја нуди „43 годишна плавуша, малку пуничка, но со големи гради“. Масира само мажи или жени, не сака парови.
Ако немате многу пари, а сепак ви треба „масажа“ во Гостивар и Битола е поефтино. Ќе поминете со 500 денари, но ќе мора да најдете место каде ќе ве масираат.
За разлика од горе споменатите огласи кои се „кријат“ зад масажа, има и такви кои воопшто не ја спомнуваат.
„Дојдете и опуштете се во пријатна просторија со одлична девојка и направете ја вечерта незаборавна“, „Згодна и привлечна бринета, на возраст од 19 години ќе ве направи среќна“, се само дел од огласите.
Секоја реклама вклучува придружни фотографии од полуголи жени, задолжително облечени во секси-парчиња од цензурирани лица или има фотографии кои не го откриваат лицето. Сите тврдат дека фотографиите се оригинални и нивни.
Мирослав вели дека нуди релаксирачка масажа и орална завршница, половина час е 3.200 денари“. Но нуди и „нешто повеќе“ за 4.500 денари.
Освен масажа, на огласите се нудат пари за спонзорирање на девојки од постари лица, се бараат девојки и момци за придружба, но има и такви кои имаат сериозни намери. Бараат девојки или момци за брак. Ретки се за волја на вистината, но сепак ги има.
Валентина Ангеловска