Руанда ја затвори границата со Конго за да спречи ширење на ебола.
До затворањето на границата дошло кога еден маж починал од ебола во градот Гома, Конго, што се наоѓа на границата со Руанда.
Ова е втор потврден случај на ебола во Гома, пренесе „АП“.
Светската здравствена организација ја прогласи еболата за глобална здравствена закана и препорача рестрикции за патувањата.
Истотака, наведе дека ризикот од ширењето на еболата е многу висок.