Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на клучните мерки од Програмата што се во интерес на државата и граѓаните. Обезбедени се 500 милиони евра, средства за изградба на Клиничкиот центар кој ќе се гради на територија на општина Ѓорче Петров. Станува збор за најголема гринфилд инвестиција во македонското здравство. По повеќе од 80 години, Скопје добива нов, модерен клинички центар.
Според информациите на Министерството за здравство во наредниот период ќе биде распишан тендер во кој во пакет ќе бидат вклучени проектот, изградбата, опремата и обуката на персоналот.
Новиот Клинички центар кој ќе биде сместен на локацијата Веле Поле во Ѓорче Петров ќе се гради на површина од 105.000 квадратни метри и ќе пружа интегрирани здравствени услуги за сите граѓани. Оваа историска инвестиција ќе обезбеди унапредување на здравството, подобри услови за работа на лекарите, поголема грижа за граѓаните, но позитивно ќе влијае на развојот на Општина Ѓорче Петров. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките во интерес на граѓаните. Вложуваме во здравството и обезбедуваме ефикасен здравствен систем.