Жителите на селото Шипковица, на падините на Шара, деновиве наоѓаат отворени гробови и човечки коски расфрлани низ гробиштата, пренесува „Алсат-М“.
Според очевидец, штетата ја предизвикува мечка, којашто ги крева надгробните плочи и ги јаде остатоците од покојниците.
Жителите се вознемирени од помислата дека мечката би можело да нападне и жители на селото и бараат помош од министерството за земјоделство и шумарство, како и од СВР Тетово.