Героски: Рускоска да побрза, помагачите на Боки се спремаат да избегаат

Новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил објави пост во кој побара од ОЈО истрагата за случајот „Рекет“ да ја забрза и да внимаваат, зашто, како што предупредува, главните соработници на Боки 13  во перењето пари можат да избегаат. Тој вели дека ќе ја обелодени и нивната врска со лице од самиот врв на СДСМ.

-И нешто друго ќе објавам во вторник, ако истрагата и натаму продолжи да тапка в место – можеби само со псевдоними и референци, но лесни за препознавање, ќе ја кажам врската на клучните перачи на Боки 13 со лице од самиот врв на СДСМ, напиша Героски.

 

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2313079632147052

Треба да знаете
Последни објави