Делегации на СДСМ оддадоа почит во чест на Денот на Републиката

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци на неколку локации.
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Стефан Богоев член на ИО на СДСМ, Диме Велковски, член на ЦО на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никола Карев, споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, споменикот на Методија Андонов – Ченто и на споменикот на паднатите борци во НОБ на градските гробишта Бутел.
Во Пелинце, делегација на СДСМ во состав Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ во Собранието, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ во Собранието и Бојан Стојковски од СДММ,  положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.
Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец претседавач на ЦО на СДСМ, Васко Ковачевски, ОО СДСМ Битола и Роберт Наумовски, член на ЦО, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.
Треба да знаете
Последни објави