Пожарите во Русија се проширија на 1,2 милиони хектари

На повеќе од 1,2 милиони хектари се проширија пожарите што со денови беснеат во рускиот регион Јакутија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

„Вкупно 123 пожари зафатија површина од 1.215.960 хектари“, се наведува во соопштението.

Како што пренесе „ТАСС“, досега се изгаснати 17 пожари, а 106 се активни.

Во гаснењето на пожарите се вклучени 734 лица со 43 парчиња опрема, а заклучно со вчерашниот ден, армијата помагала со 10 авиони ИЛ-76 и 10 воено-транспортни хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави