Роналдо го советува Дибала да оди во Манчестер јунјатед

Еден од најдобрите фудбалери, португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо кој сега ги брани боите на италјанскиот повеќекратен првак Јувентус го советувал својот помлад соиграч Пауло Дибала да оди во англискиот Манчестер јунајтед доколку сака да игра во шампионски тим. Овој совет искусниот Роналдо кој порано беше токму дел од тимот на англискиот премиерлигаш, му го упатил на Аргентинецот Дибала во заедничка група на фудбалери на Јувентус во апликацијата „ВатсАп”. Доколку Аргентинскиот напаѓач го прифати предлогот на искусниот голгетер, тогаш патот на Ромелу Лукаку кон Торино се чини целосно ќе биде отворен, пренесува „Дејли Мејл”.

Роналдо го дал своето одобрение за овој трансфер и му напишал на Дибала дека за да продолжи да освојува трофеи како што направи во последните години со Јуве мора да оди и да игра на „Олд Трафорд”. Интересно е да се напомене дека Португалецот учествувал со совети и во трансферот на Матаис Де Лихт, кој пристигна во неговиот сегашен тим.

Роналдо, заедно со директорот Фабио Паратичи и потпретседателот Павел Недвед, се смета за еден од највлијателните луѓе во клубот од Торино.

Треба да знаете
Последни објави