Новинарот Бранко Героски на својот Фејсбук профил објави пост во кој побара од ОЈО истрагата за случајот „Рекет“ да ја забрза и да внимаваат, зашто, како што предупредува, главните соработници на Боки 13 во перењето пари можат да избегаат. Тој вели дека ќе ја обелодени и нивната врска со лице од самиот врв на СДСМ.
-И нешто друго ќе објавам во вторник, ако истрагата и натаму продолжи да тапка в место – можеби само со псевдоними и референци, но лесни за препознавање, ќе ја кажам врската на клучните перачи на Боки 13 со лице од самиот врв на СДСМ, напиша Героски.
https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2313079632147052