На Суперкупот Ливерпул-Челзи правда ќе дели жена

 

 

Ново изненадување пристигна од Нион, седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Првдата на Суперкупот во кој ќе играат Ливерпул и Челзи, за првпат во историјата на еден европски натпревар да ја дели женска судиска екипа предводена од – Стефани Фрапар. Асистенки на француската делителка на правдата ќе и бидат Мануела Николоси и Мишел Онил.

Англиските премиерлигаши Ливерпул и Челзи како победници во Лигата на шампионите и Лига Европа, во рамките на Суперкупот на УЕФА ќе играат на официјалниот клупски почеток на меѓународната нова сезона во Истанбул на 14 август, на стадионот на Бешикташ.

Фрапар во јуни ја имаше честа да го суди финалето на Светското првенство за жени помеѓу САД и Холандија. Беше делител на правдата и во полуфиналето на Европското првенство во 2017 година, а претходно и во финалето на ЕУРО до 19 години.

Фрапар исто така испиша историја и во француската Лига 1 откако стана првата жена која судела меч од првата машка лига помеѓу Амиен и Стразбур. Таа во новата сезона во Лига 1 ќе биде редовно меѓу делегираните судии.

 

Треба да знаете
Последни објави