(Видео) Аплаузи за Заев и владината делегација на Мечкин Камен

Без инциденти помина денешното одбележување на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево. Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев со аплаузи беше пречекана додека се движеше кој ВИП ложата.

Пред обраќањето на Заев беше интонирана државната химна, во изведба на оперскиот пејач Влатко Груевски.

На чествувањето присуствуваат и амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

Треба да знаете
Последни објави