Заев: Мечкин Камен да биде темелник на помирување, Илинденското востание е крик за европска Северна Македонија!

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешното обраќање од пред споменикот Мечкин Камен во Крушево, порача дека сегашните и нови генерации треба да го продолжат патот на илинденците.

-Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. Сите ние сме деца на Илинден. линден е симбол за нашата борба и човечки правдини. Илинден е водилка за сите деца на нашите деца. Првите илинденци се бореа за Крушевската република, вторите за асномската. Првите и вторите илинденци од 1944 се бореа за иднината, а не за минатото. Затоа ние денеска сме сите деца на Илинден, рече Заев.

Според него, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.

„Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ. Продолжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, патриотска должност ни е да се помириме и обединиме внатре. Илинденското востание е крик за европска Северна Македонија. Во секој граѓанин на Северна Македонија има по еден партизан и комита. Гордо денес стоиме ние пред македонското знаме, гордо зборуваме за мајчиниот јазик, горди можиме да изјавиме дека го заокруживме процесот на признавање на Северна Македонија. Горди можеме да кажеме дека добивме најдобри оценки од Европската Унија. Со гордост можеме да кажеме дека патриотизмот значи грижа за обезбедување подобар живот. Тогашната иднина е нашата сегашност. Ние, граѓаните, децата на Илинден сме природно упатени да гледаме напред, затоа што сакаме безбедна и стабилна членка. сите ние сме определени за иднината. Затоа ги покачуваме платите, градиме безбедни патишта и услови за подобра животна средина. Немаме право да отстапиме од патот на илинденците“, истакна Заев од Крушево.

Треба да знаете
Последни објави