Манџукиќ се согласил да оди во „театарот на соништата“

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Марио Манџукиќ од редовите на Јувентус нема трпение да го чека расплетот во редовите на италјанскиот повеќекратен првак со кои напаѓачи во ростерот ќе ја дочека новата сезона, па дал согласност да оди во „театарот на соништата“ во Манчестер. Англискиот премиерлигаш Јунјатед и Јувентус подолг период преговараат за трансфер со размена меѓу Дибала и Лукаку. Но, додека се чека на согласност од Аргентинецот Дибала, неговиот соиграч Манџукиќ чие место во стартната постава во тимот на „старата дама“ е доведено во прашање веќе се согласил да ја забрза работата и да се пресели во Манчестер.

Преговорите меѓу Дибала и Манчестер јунајтед тапкаат во место подолг период, па италјанските медиуми пишуваат дека Хрватот нема трпени да го чека расплетот за да се пресели на „Олд Трафорд“. Според „Тутоспорт“, Манчестер јунајтед за сума од 10-15 милиони евра ќе го ангажира  Манџукиќ. Хрватот кој има плата од 5,5 милиони евра по сезона во Јувентус има договор со „старата дама“ до јуни 2021, но не е во плановите на новиот тренер Маурицио Сари.

 

Треба да знаете
Последни објави