Министерот Исмаили се сретна со шефот на Турската агенција за соработка и координација-ТИКА

Министерот за Култура, Хисни Исмаили, за време на својата прва официјална посета деновиве во Анкара, оствари средба и со шефот на Турската Агенција за Соработка и Координација, г. Серкан Кајалар.

Во средбата министерот Исмаили се заблагодари на ТИКА за безрезервната поддршка и големиот придонес во многу дејности и за бројните проекти во корист на граѓаните на Северна Македонија, почнувајќи од културата, образованието, здравството, земјоделството, медиумите, невладините организации и уште други области.

Министерот Хисни Исмаили, исто така, изрази подготвеност за соработка и во иднина, особено во областа на културата, со цел интензивирање на културната соработка помеѓу двете држави.

И г. Серкан Кајалар, од своја страна, се заблагодари за посетата и изрази подготвеност за поддршка на проектите од Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави