Мицкоски: Илинден е потсетник дека не смееме да скршнеме од патот и наша должност кон предците

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод двата Илиндена се обрати пред присутните во Ташмаруништа, во Струга.

-Првиот Илинден беше крик на поробениот народ, а вториот, во 44-та продолжение на првиот и кој значеше крунисување на нашата борба за своја Македонска држава. Илинден не е само Крушевското востание туку многу повеќе од тоа, воскрикот на Македонецот, на секоја педа македонска почва. Илинден е и потсетник дека не смееме да скршнеме од патот натопен со крв на хероите кои ги положија животите. Илинден е и наша должност кон нашите предци и паметник за тоа како ја добивме слободата која мора постојано да ја браниме. Илинден и последниот здив на комитетите и партизаните кои гинејќи за каузата беа верни на делото Смрт Или Слобода, рече Мицкоски-

Според Мицкоски, земјоделците во земјава гладуваат и се мачат, сиромаштијата се зголемува, студентите се бесни, докторите се незадоволни.

-Жална е сликата низ Македонија, прошетајте низ Малешевијата, Берово, Делчево, Битола, Кичево, Тетово и Гостивар, младите се иселуваат затоа што животот е мачен, тежок и лош, но се иселуваат и оние кои се со подобри финансииски примања, се ислеуваат бидејќи повеќе не веруваат во државата, затоа што системот е трул. ВМРО е темелот на Илинден, ВМРО му припаѓа на Македонецот. Многу генерации, херои и хероини го дадоа животот за Македонија, истакна Мицкоски. според него Илинден е потсетник дека не смееме да скршнеме од патот , истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ е оптимист и во своето обраќање рече дека за неколку месеци од сега, по предвремените парламентарни избори ќе спроведе мерки со кои ќе ги задржи лекарите во земјава.

Треба да знаете
Последни објави